Роналдо навистина не знае да губи

Кристијано Роналдо изјави дека нема шанси повторно да заигра клупски фудбал во Европа, дека тој е причината за доаѓањето на многу светски ѕвезди во Саудиска Арабија и дека тамошната лига е подобра од МЛС, во која неодамна се приклучи Лионел Меси.

Во декември 2022 година, Роналдо потпиша две и пол годишен договор со Ал Наср. Се пишуваше дека сака да остане во Европа по заминувањето од Манчестер Јунајтед и да игра во Лигата на шампионите, но дека нема клуб кој сака да го доведе под негови услови. Бидејќи немаше таков клуб, Роналдо ја прифати понудата на Саудијците да игра таму со годишна плата од околу 200 милиони евра.

Неговиот клуб во понеделникот одигра пријателски натпревар против Селта Виго и загуби со 5:0. После тоа Роналдо тврдеше дека фудбалските лиги во Европа стануваат сè послаби.

„Нема шанси да се вратам во европските клубови, имам 38 години. Европскиот фудбал изгуби многу квалитет. Единствената лига која е сè уште добра е Премиер лигата, таа е далеку пред другите“, изјави капитенот на португалската репрезентација коментирајќи ја силата на саудискиот шампионат, односно го спореди со МЛС каде сега е неговиот најголем ривал Меси:

„Саудиската лига е подобра. Сите играчи доаѓаат овде, а следната година ќе ги има уште повеќе, а таа лига ќе биде подобра од турската и холандската лига“.

„Ме критикуваа кога дојдов во саудиското првенство, но што се случува сега? Ја отворив вратата и сега сите играчи доаѓаат овде. Мојата одлука да дојдам беше клучна за нивното доаѓање. Тоа е факт, тоа е 100 проценти точно. Кога дојдов во Јувентус, Серија А беше мртва. Ја оживеав. Каде и да оди Кристијано предизвикува голем интерес“, додаде тој.

реклама

Фудбал

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Read more

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Read more

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Read more
 

Спорт

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Читај повеќе
  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Читај повеќе