Кристијано Роналдо бурно реагираше на новите шпекулации за неговата репрезентативна кариера по Светското првенство.
Роналдо вечерва со селекцијата на Португалија го очекува финале во баражот за пласман на Мундијалот против нашата селекција. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед во февруари наполни 37 години, но нема намера во скоро време да се пензионира.
„Вие луѓе имате обичај постојано да ми поставувате исто прашање, јас сум тој кој одлучува за својата иднина – само јас. Ако се чувствувам добро ќе продолжам, ако не водам сметка за себе, нема да продолжам. Јас сум тој кој одлучува“, изјави Роналдо пред новинарите.
Најдобриот португалски фудбалер изјави дека неговата репрезентација оди на победа и истакна дека Мундијалот не може да мине без Португалија.