Роскосмос одби да лансира интернет-сателити поради санкциите

Руската државна вселенска агенција Роскосмос одби да лансира интернет-сателити OneWeb, барајќи гаранции дека нема да се користат за воени цели и барајќи од Велика Британија да го продаде својот удел во компанијата.

Лансирањето на интернет-сателитите требаше да се изврши утре, со помош на руската ракета „Сојуз“, но тоа нема да се случи. Раководителот на Роскосмос – Дмитриј Рогозин изјави дека агенцијата ги посочила своите барања како одговор на санкциите што Велика Британија ги воведе кон Русија по инвазијата во Украина.

Меѓу другото, Британците им забранија на руските бродови да влегуваат во нивните пристаништа и го санкционираа најголемиот дел од рускиот финансиски систем.

Британскиот секретар за бизнис и енергија, Кваси Квартенг, изјави дека барањата на Роскосмос нема да бидат исполнети бидејќи британската влада нема да го продаде својот удел. Тој додаде дека во тек се разговори со другите акционери за да се договорат следните чекори.

Рогозин рече дека ќе ѝ даде рок од два дена на Велика Британија да го промени својот став.

До денес, 428 OneWeb сателити се поставени во ниската Орбита на Земјата со помош на ракетата „Сојуз“. Компанијата има намера да обезбеди глобална интернет-покриеност користејќи 648 сателити, како што е првично предвидено.

Во меѓувреме, SpaceX испорача сателитски интернет-терминали за Starlink во Украина, по ветувањето за помош од Илон Маск. Се верува дека украинската Влада ќе го користи ова за земјата да остане приклучена на интернет за време на воениот судир.  

Тагови
реклама

Вести

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Read more
 

Гик

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Читај повеќе
  • filter

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Читај повеќе

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Читај повеќе

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Читај повеќе

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Читај повеќе