Русија гради свој Starlink: Сигналот ќе стигне до секој агол на Земјата

Сателитите во ниската орбита на Земјата ќе ја преземат улогата на базни станици 5G за „дистрибуција“ на сигнали и пристап до интернет во оние области кои не се опфатени со сигнали од мобилната мрежа.

Најголемиот руски мобилен оператор MTS (Mobilni TeleSistemi) побара од Државната комисија за радиофреквенции да ги одреди фреквенциите што ќе се користат за тестирање на хибридна мрежа наменета за телефонски разговори и пристап до интернет преку сателит.

Фреквенциите за тестирање би можеле да се утврдат најрано до крајот на март, објави Известиа, цитирајќи неименуван извор.

Фреквенциите покриваат два различни опсези:

  • од 1.950 до 1.965 MHz - наменети за пренос на податоци од Земјата на сателити
  • од 2.140 до 2.155 MHz – за повратни сигнали од сателити.

Сателитите ќе ја преземат улогата на базни станици за 5G за „дистрибуција“ на сигнали и пристап до интернет во оние области кои не се покриени со сигнали од мобилната мрежа. А за да се случи таков пренос, неопходно е да се формира соѕвездие од сателити во ниската орбита на Земјата.

Според сајтот ComNews, за неговото формирање треба да се издвојат околу една милијарда долари. Оценките на руските експерти укажуваат дека комерцијалните аспекти на формирањето на ваква мрежа се нејасни и покрај тоа што слични проекти веќе се успешно реализирани во други земји.

Се очекува новата мрежа, која нема да претставува замена за постоечката инфраструктура, да постигне врвен пренос на податоци од 10 до 20 Mbit/s, додека просечната брзина ќе биде 1-2 Mbit/s. Ова е причината зошто оваа хибридна мрежа се гледа само како начин на организирање на комуникација на места каде што моментално не постои.

Руската стратегија за развој на телекомуникациската индустрија за периодот меѓу 2024 и 2035 година предвидува создавање на хибридна мрежа, пишува 24 Gadget, но засега не се знае кој ќе биде следниот чекор по барањето за распределба на фреквенцијата. MTS одби да ги коментира плановите за изградба на сателитска мрежа за Известиа.

реклама

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе