Русија ќе им забрани на странците да користат Русинки како сурогат мајки

Б.С.Б.
/ 27.11.2022 / 15:03

Русија наскоро ќе усвои закон со кој на странците ќе им се забрани да користат Русинки за сурогат мајчинство, потврди Вјачеслав Володин, претседател на Долниот дом на Парламентот.

Платеното сурогат мајчинство е легално во Русија, но оваа практика е критикувана од религиозните групи како комерцијализација на раѓањето деца.

„Мора да се направи сè за да се заштитат децата со забрана на странците да ја користат услугата за сурогат мајчинство. Таква одлука ќе донесеме на почетокот на декември“, изјави Володин во видео објавено на Телеграм.

Според него, околу 45.000 бебиња родени од сурогат мајки биле однесени во странство во изминатите неколку години, велејќи дека „шверцот со деца е неприфатлив“, пренесе Reuters.

Руските пратеници го усвоија законот речиси едногласно во првото читање во мај. Доколку биде усвоен во последното, трето читање, ќе го разгледа Горниот дом на Парламентот, а потоа ќе биде потпишан од претседателот Владимир Путин.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе