Русија: Нема да извезуваме нафта по цена пониска од цената на производството

Русија нема да извезува нафта на светскиот пазар доколку нејзината цена е пониска од цената на производството, стои во изјавата на вицепремиерот Александар Новак.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен е за ограничување на цената на нафтата за да ѝ се отежне на Москва да ги финансира воените операции во Украина, а нејзиниот предлог го разгледува групата Г7 на водечките светски економии.

Предложениот механизам предвидува забрана за осигурување и транспорт на нафта чија цена надминува одредено ниво. Сè уште не е познато која би била горната граница.

„Ако цените за кои зборуваат се пониски од трошоците за производство на нафта, тогаш Русија, се разбира, нема да пласира таква нафта на светските пазари. Тоа едноставно значи дека нема да работиме со загуба“, изјави вчера рускиот вицепремиер за телевизија Канал 1.

САД очекуваат цената на руската нафта да биде ограничена до декември

Неименувани американски претставници велат дека целта е да се одреди цена која ќе ги покрие маргиналните трошоци за производство за да се охрабри Русија да продолжи со извозот. Рускиот претседател Владимир Путин во средата им изјави на новинарите дека цените на нафтата вртоглаво ќе пораснат ако цената се ограничи, забележува Reuters.

Бразил, Кина, Индија и некои африкански и блискоисточни земји го зголемија увозот на енергетски производи од Русија, која ги продава со огромни попусти во споредба со цените на светските пазари, бидејќи многу европски рафинерии престанаа да купуваат руска нафта.

САД очекуваат цената на руската нафта да биде ограничена до декември, кога ембаргото на ЕУ треба да стапи на сила, рече заменик-министерот за финансии, Вали Адејемо, на состанокот во Аспен во средата.

Тагови
реклама

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Бизнис

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Read more

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Read more

Доларот зајакна во однос на повеќето други валути

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот зајакна

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе