Русија подготвува три мисии на Венера до 2034 година

МИА / КАЈГАНА
/ 26.01.2022 / 10:27

Руските научници планираат три мисии на Венера до 2034 година, кои ќе се обидат да испорачаат почва од таа планета за прв пат во историјата, соопшти Лео Грин, научен директор на Институтот за вселенски истражувања на Руската академија на науките.

„Веќе не размислуваме за една мисија Венера-Д, туку за цела програма… Како крајна мисија се разгледува апсолутно фантастичната замисла за испорака на почва од Венера“, изјави Грин во Москва.

Според него, Роскосмос планира три мисии во рамките на руската програма за проучување на Венера за 2029, 2031 и 2034 година. Во 2029 година, леталото Венера-Д со орбитални, слетувачки, демонстративни и атмосферски модули ќе се упати кон соседот на Земјата. Експедицијата 3, којашто научниците имаат намера да ја лансираат во 2034 година, ќе вклучува модули за летање и балони, како и уреди за слетување и враќање.

Името Венера-Д е сктратеница од Венера Долгоживущая (Венера долговечна).

Русија, како Советскиот Сојуз, уште во 1961 година стана првата која испрати мисија на оваа планета. Леталото Венера-1 на 19 мај таа година прелета блиску до Венера и потоа поради преголемата топлина изгуби контакт со Земјата.

Потоа во 1967 година мисијата Венера-4 успешно навлезе во атмосферата на планетата станувајќи првото летало кое успешно влегло во атмосфера на друга планета. Оттаму испрати податоци за составот на нејзината атмосфера, а потоа поради огромната топлина беше уништено.

Иако по големина е слична на Земјата, Венера има атмосфера со 97% јаглероден диоксид и просечна температура од 464°C, што ја прави неподнослива за живот.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе