Русија: Прегреан респиратор предизвика пожар, пациенти со COVID-19 изгореа живи

Пожар избувна во болница во Санкт Петербург, при што загинаа пет пациенти со COVID-19 сместени во Одделението за интензивна нега.

Пожарот најверојатно избувнал поради краток спој во респиратор, објавија руските новински агенции.

Евакуирани се 150 луѓе од болницата, а пожарот е ставен под контрола, соопшти рускиот министер за вонредни ситуации. Не е познато колку пациенти, вработени и посетители во болницата се повредени во пожарот.

Сите пациенти кои загинаа биле на респираторна поддршка и изгореле живи бидејќи немало можност да се изнесат навреме од болничките соби.

„Респираторите работат до крајни граници. Прелиминарните индикации се дека еден од респираторите бил прегреан и се запалил“, изјави извор од Службата за итна помош на Санкт Петербург за новинската агенција Interfax.

Инцидентот се случи во време кога руските власти почнаа да ги олабавуваат рестриктивните мерки во земјата.

Русија е трета земја во светот со најголем број на потврдени случаи на COVID-19. Вчера беше регистриран рекорден раст на бројот на заболени, со 11.656 нови случаи, со што вкупниот број на заболени порасна на 221.344.

Денешниот пожар е втор ваков инцидент за неколку дена во Русија. Во саботата, во пожар на Одделението за интензивна нега во болница во Москва загина еден пациент со COVID-19, а евакуирани беа 200 луѓе.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Свет

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар

Read more

Сонот за независност на Каталонија опаѓа: Сепаратистите се поразени, социјалистите го отвораат шампањот

Read more

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Read more

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Read more
 

Вести

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Читај повеќе

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар

Читај повеќе

Сонот за независност на Каталонија опаѓа: Сепаратистите се поразени, социјалистите го отвораат шампањот

Читај повеќе

Без струја корисници од Долно Лисиче

Читај повеќе

За ДУИ Силјановска го прекршила Уставот, за ВЛЕН тоа што заклетвата е потпишана со Северна значи дека ја прифатила реалноста

Читај повеќе

Времето променливо облачно со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова не рече Северна пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе