Русија се повлече од клучен нуклеарен договор со САД

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека неговата земја привремено се повлекува од СТАРТ 3 договорот.

Москва го супсендираше своето учетсво во последниот преостанат нуклеарен договор помеѓу Русија и САД, соопшти претседателот Владимир Путин. За време на неговото денешно обраќање до рускиот Парламент тој ја информираше јавноста дека Русија не излегува од СТАРТ 3 договорот, туку привремено се повлекува.

Објаснувајќи ја одлуката, Путин подвлече дека Договорот бил првично склучен под сосема поинакви околности, кога Русија и САД не се гледале меѓусебно како непријатели. Сега, според претседателот, не само што САД ѝ поставуваат ултиматуми на Русија, туку самиот НАТО поднесе барање за да стане дел од Договорот.

Членките на блокот сега бараат да се изврши инспекција на руските стратешки објекти, рече Путин, напоменувајќи дека барањата на Москва, согласно Договорот, да се изврши инспекција на нуклеарните објекти кај Западот, се систематски одбивани само со формално објаснување за одбивањето.

Путин кажа и дека САД во континуитет инсистираат да одржуваат хегемонија, додека нивните партнери од НАТО отворено признаваат дека сакаат да ѝ нанесат стратешки пораз на Русија.

„Русија не може да го игнорира ова. Не можеме да си дозволиме да го игнорираме ова“, рече Путин.

Договорот СТАРТ 3 беше потпишан во 2010 година во Прага од тогашните претседатели Барак Обамна и Дмитриј Медведев и имаше за цел да го преполови бројот на никлеарки стратешки распоредени низ светот. Според Договорот, двете земји беа обврзани да ѝ дозволат на другата страна ограничен број на испекции на годишно ниво за да се потврди придржувањето кон истиот. СТАРТ 3, на англиски познат како New START, а на руски под кратенката СНВ-III, истекува во 2026 година.

реклама

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе