Русија тестираше ракета и разнесе сателит, Американците се бесни

Војската на САД вчера соопшти дека забележала „формирање отпад“ во вселената, а еден официјален претставник рече дека „се чини дека Русија“ извршила тестирање на антисателитско оружје (ASAT).

Експертите велат дека антисателитското оружје кое ги разбива нивните цели претставува опасност поради создавањето на облаци од фрагменти кои можат да се судрат со други објекти, што може да предизвика верижна реакција на проектили во орбитата на Земјата.

„Ние активно работиме на карактеризирање на полето со отпад и ќе продолжиме да гарантираме дека сите земји присутни во вселената ги имаат потребните информации за маневрирање со сателитите во случај на судир“, се вели во соопштението на американската вселенска команда.

Американски официјален претставник анонимно изјави за Reuters дека првите извештаи покажале дека Русија извршила тестирање на антисателитско оружје во текот на викендот.

„Опасен и неодговорен тест“

Набргу потоа, САД ја осудија Русија за „опасното и неодговорно“ ракетно тестирање, за кое велат дека го загрозило екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС). Ракетата разнела еден од руските сателити, создавајќи остатоци што го принудиле екипажот на МВС да се засолни, јавува BBC. Станицата моментално има седум членови на екипажот - четворица Американци, еден Германец и двајца Руси.

„Претходно денеска Руската Федерација несовесно изврши деструктивно сателитско тестирање на антисателитска ракета на еден од нејзините сателити“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.

„Тестот досега создаде над 1.500 парчиња орбитален отпад што може да се следи и стотици илјади парчиња помал орбитален отпад“, додаде тој.

Прајс рече дека опасноста е далеку од завршена. „Овој тест значително ќе го зголеми ризикот за астронаутите и космонаутите на Меѓународната вселенска станица, како и за другите човечки активности во вселенските летови“, рече тој.

Расте зависноста од сателити

Соединетите Американски Држави ги направија првите тестови на антисателитско оружје во 1959 година, кога самите сателити беа ретки и нови.

Русија спроведе тестирање на антисателитски проектили минатиот април, а официјални лица посочуваат дека вселената ќе биде од растечко значење за модерното војување.

Во 2019 година, Индија удри проектил во еден од нејзините сателити во ниската орбита на Земјата.

Војската на САД е сѐ повеќе зависна од сателити за копнени операции. На пример, при следење на лансирање проектили и насочување на војниците на терен.

Овие тестови го покренаа и прашањето за долгорочната одржливост на вселенските операции, кои се клучни за широк опсег на комерцијални активности, вклучувајќи ги банките и GPS.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе