Русите ќе лажираат крвав напад на украинската војска како изговор за инвазија, тврдат САД

Русија планира буквално да измисли украински воен напад врз проруските сепаратисти и да емитува лажни снимки за да создаде изговор за руската инвазија, велат американските власти. Веста прв ја објави The Washington Post.

Според високи американски функционери, една од опциите што Русија ги разгледува вклучува фабрикување и снимање на лажен напад, кој би вклучувал експлицитни сцени од експлозии со голем број жртви, пренесува BBC.

Да потсетиме, САД и НАТО се загрижени поради акумулацијата на руски војници на границите на Украина. Русија тврди дека не планира да ја нападне Украина и дека армијата е на граница поради воени вежби. На границата има околу 100.000 руски војници.

Тензиите околу Украина достигнаа врв осум години откако Украина го анектираше полуостровот Крим и го поддржа бунтот на проруските сепаратисти во источниот регион Донбас.

Сакаат да прикажат вознемирувачки лажни снимки

Високи американски функционери велат дека лажниот напад врз проруските сили, планиран од руските безбедносни служби, ќе покаже експлицитни фотографии и снимки од цивилни жртви во Донбас за да предизвика јавен бес против украинските власти. Гневот потоа ќе биде искористен како изговор за напад на Украина, изјавија официјални лица.

Тие додаваат дека операцијата може да опфати инсценирање и снимање на лажен напад. На снимката ќе бидат прикажани трупови и уништени локации, фалсификувана украинска воена опрема и луѓе кои глумеле Руси кои тагуваат по убиените.

„Не знаеме со сигурност дека тоа е патот по кој тие (Русија) ќе тргнат, но знаеме дека тоа е опција што се разгледува која ќе вклучи актери кои се преправаат дека жалаат за луѓето убиени во настан што тие (Русија) самите го создале“, изјави Џонатан Фајнер, помошник советник на американскиот претседател за национална безбедност.

„Тоа би вклучило трупови кои претставуваат луѓе наводно убиени во еден таков инцидент“, изјави Фајнер за MSNBC.

САД: Тоа е само една од опциите, ја најавуваме за да ги одвратиме Русите од таков потег

Официјалните лица посочуваат дека ова е само една од опциите што Русија ги разгледува и додаваат дека информациите за тоа се објавуваат во јавноста со цел да се „одврати Русија од таков потег“.

Вестите од Америка за наводниот руски заговор доаѓаат еден ден откако беше потврдено дека Америка испраќа повеќе војници во Источна Европа. Русија го нарече потегот „деструктивен“, додавајќи дека тоа докажува дека загриженоста на Русија за проширувањето на НАТО на исток е целосно оправдана.

Ривалството меѓу Русија и САД, кои сè уште го имаат најголемиот арсенал на нуклеарно оружје во светот, датира од Студената војна (1947-1989). Украина тогаш беше важен дел од комунистичкиот Советски Сојуз.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Свет

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Read more

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе