Руската вакцина е испитана на само 38 луѓе: Супербрза, но дали е ефикасна?

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна соопшти дека земјата ја има првата одобрена вакцина против COVID-19 и дека Спутник 5 ја примила и неговата ќерка. Сепак, СЗО смета дека „избрзаната“ вакцина мора да помине низ проверки за да се потврди дека е безбедна.

Наоѓањето сигурна, потврдена и ефикасна вакцина против COVID-19 ќе биде научниот подвиг за 2020 година, но тоа уште повеќе укажува дека со неа не смее да се брза, бидејќи сигурна и ефикасна вакцина не може да се направи за неколку месеци.

„Како може да се зборува за ефикасност, а уште повеќе сигурност на руската вакцина, за која многу се зборува деновиве, откако беше испитана на само 38 луѓе? Сите сме генетски различни, нема двајца исти луѓе, сите реагираме индивидуално, па токму затоа ефикасноста и сигурноста на вакцините се проверува на поголем број луѓе. Да бевме сите исти, доволно ќе беше да се испитуваа на тројца“, вели Борислав Каменов, имунолог со долгогодишно искуство и професор на Медицинскиот факултет во Ниш.

Истовремено, смета тој, мора крајно сериозно да се работи на наоѓање лек за заболените од коронавирусот.

Каменов смета дека потребна е огромна претпазливост, пред сѐ за да не се наруши довеербата во вакцината против коронавирусот.

„Знаеме дека секој би сакал да биде прв, но со големи пари може во комбинација да дојдат и големи лаги. Исто така, знаеме дека за наоѓање вакцина се потребни години, па дури и тогаш може да се случат грешки“, нагласува епидемиологот.

Низ светот во моментов се работи на 175 вакцини против COVID-19 и сите се во различни развојни фази, додека човештвото со нетрпение очекува барем една од нив да делува за да може да се вратиме во нормала.

URL
реклама

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе