Руски медиуми: САД сакаат да разменат руски дилер на оружје за кошаркарката Бритни Грајнер

Соединетите Американски Држави и Русија преку специјални канали разговараат за ослободување на кошаркарската ѕвезда Бритни Грајнер и поранешниот маринец Пол Вилан, објави денеска руската новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на висок американски дипломат.

Елизабет Руд, вршител на должноста на американската амбасада во Русија, изјави дека САД поднеле сериозен предлог за разгледување, но не добиле „сериозен одговор“ од Русија, пренесува РИА.

Кошаркарката е осудена за трговија со дрога

Русија и САД размислуваа за договор со кој Грајнер, која се соочува со девет години затвор во Русија поради обвинение за дрога, би можело да биде вратена во САД во замена за осудениот руски дилер на оружје Виктор Бут.

Не е постигнат договор во услови на зголемени тензии меѓу двете земји.

Американската кошаркарка Бритни Грајнер, уапсена во Москва и осудена за „шверц на дрога“, овој месец беше префрлена во руската казнена колонија на отслужување на казната.

Поддржувачите на 32-годишната кошаркарка истакнуваат дека станува збор за политички мотивиран случај, обвинувајќи ги руските власти дека ја држат како заложник во време на тензии меѓу Москва и Вашингтон во врска со Украина.

„Трговецот на смртта“ отслужува 25-годишна затворска казна

САД и Русија со месеци преговараа за размена која би ги вклучила Грајнер и други Американци во рацете на Москва, која пак се надева дека ќе го врати Бут.

Виктор Бут, наречен „трговец на смртта“, беше уапсен во Тајланд во 2008 година и сега отслужува 25-годишна затворска казна во САД. Меѓу другото, неговиот живот беше тема на филмот „Господар на војната“ во кој Николас Кејџ го игра бескрупулозниот трговец со оружје.

Русија постојано ги критикуваше САД за јавни изјави за разговорите за размена на затвореници, барајќи од нив да ги чуваат во тајност.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе