Руски народен лек ги чисти токсините од телото

Руските билкари и нутриционисти ја почитуваат старата поговорка дека храната може да биде најмоќниот лек, а за корисните својства на хелдата знаеле многу пред да стане светски тренд.

Хелдата (може да ја најдете и како „хељда“) многу често погрешно се смета за житарка, а таа всушност е семе од фамилијата растенија поврзани со рабарбара.

Ова семе се препорачува за сите кои го исфрлаат глутенот од исхраната. Посебно е важно да има висок процент на резистентен скроб, за да стигне до дебелото црево. Така, ги снабдува најважните, скапоцените бактерии и добро влијае на целиот метаболизам на шеќерот во телото.

Хелдата содржи витамини од групата Б, како и магнезиум, калциум и фосфор, а нејзините состојки благотворно делуваат на срцевиот мускул, ги зајакнуваат неговите контракции и помагаат да се воспостави нормален ритам.

Поради позитивните ефекти на хелдата, таа се користи на различни начини во Русија. Најдобро би било да земете зелена хелда, онаа што не е термички обработена, и да ја сомелете.

Две лажици мелена хелда (околу 20 грама) прелијте ги со шолја топла вода и убаво измешајте. Поделете ја оваа количина во две дози. Едната доза испијте ја наутро, а втората навечер и продолжете така секој ден во текот на два месеца.

Можете да направите и чај од зелена хелда - прелијте 20 грама хелда со половина литар топла вода и варете на тивок оган околу половина час. Процедете и пијте во две до три дози.

Не мора да ја готвите зелена хелда. Можете да ја измешате, свежо мелена, со една шолја кефир и да ја оставите на ладно (не во фрижидер!) преку ноќ. Измешајте и јадете наутро. Оваа мешавина се смета за најмоќна бидејќи ферментацијата ја прави добра за варење, а кефирот додава важни витамини и минерали.

Зошто треба да почнете да јадете хелда секој ден?

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Здравје

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more
 

Магазин

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Читај повеќе

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Читај повеќе

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлегендарни изгубени градови

Читај повеќе

Вечна дилема: Колку студот влијае на вкусот на пивото?

Читај повеќе