Рускиот гас патува кон Германија, но Лукашенко се закани дека ќе ја прекине испораката

Испораките на руски гас во Германија преку клучниот гасовод денеска пораснаа, што е знак дека белорускиот претседател не ја исполнил својата закана да ги запре испораките во Европската Унија пред доаѓањето на зимата.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатата недела се закани дека со суспендирање на транзитот на гас од Русија преку неговата земја, ќе возврати на сите нови санкции на ЕУ против Минск, на кои Брисел му се заканува поради мигрантската криза на полско-белоруската граница.

Путин: Лукашенко не се консултираше со мене

Русија испорачува големи количества гас за Европа преку гасоводот Yamal – Europa, во сопственост на рускиот гигант Газпром, кој минува низ Белорусија. Рускиот претседател Владимир Путин во текот на викендот изјави дека Лукашенко не се консултирал со него пред да ја соопшти заканата и дека запирањето на приливот може да ги загрози односите Москва-Минск.

Германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот телефонски разговараше со Лукашенко. Разговорот траел околу 50 минути, а лидерите, според пишувањата на белоруските медиуми, разговарале за мигрантската криза на белоруско-полската граница и за обезбедување хуманитарна помош за барателите на азил.

Цените на бензинот во Европа поскапеа за 8,8 отсто во понеделникот попладне, на 81,60 евра за мегават-час.

Северен поток 2

Минатата недела Газпром почна да ги полни европските залихи со гас што доаѓа главно преку Белорусија и Украина. Приливот на гас во германската мерно-регулациона станица Малнов, лоцирана во близина на полската граница и на гасоводот Yamal – Europa, во понеделник е на повисоки нивоа отколку за време на викендот.

Русија најави дека поголеми количества гас можно е да стигнат до Европа кога Германија ќе го одобри спорниот гасовод Северен поток 2, на што се спротивставија САД, Полска и другите западни земји.

Тој гасовод ги заобиколува транзитните земји како Украина, која го смета за геополитичко оружје.

Кремљ во понеделникот соопшти дека заканата на Лукашенко за запирање на испораката на гас нема да резултира со пренасочување кон Северен поток 2, откако ќе почне да работи.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе