Рускиот опозициски лидер Навални почина во затворот во кој ја издржуваше казната

Макфакс
/ 16.02.2024 / 15:30

Почина лидерот на опозицијата, Алексеј Навални (47), кој издржуваше затворска казна во регионот Јамало-Ненец на крајниот север на Русија. Ова го соопштија руските новински агенции повикувајќи се на управата на затворот, а пренесува Reuters.

„Денеска, во казнената колонија бр. 3 осудениот А.А. Навални се чувствувал лошо по прошетката и речиси веднаш потоа ја загубил свеста. На местото веднаш била повикана екипа за итна медицинска помош, која веднаш пристигнала. Преземени се сите мерки за реанимација, но не дале позитивен резултат. Лекарите од итната помош ја констатирале смртта на осуденикот“, се вели во соопштението на руската затворска управа.

Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија и жесток противник на војната во Украина, издржуваше 19 години затвор за измама, непочитување на судот и прекршување на условната казна. Навални и многумина на Запад ги отфрлија тие обвинувања како измислени и политички мотивирани.

реклама

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе