Рускоска поднесе жалба за одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители

Обвинителката Вилма Рускоска денеска напладне поднесе жалба за одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Со жалбата, како што појасни Рускоска, таа ги побива наводите во решението.

– Ова не го сметам за суспензија на Вилма Рускоска, туку за суспензија на правото и суспендирање на правдата. Без разлика што имаше соопштение дека предметите ќе продолжат со несмален интензитет после ова мене што ми се случи не верувам дека кој било колега сериозно ќе продолжи да постапува по истите, изјави Рускоска.

Рускоска не кажа што навела во жалбата, и рече дека најпрво треба членовите на Советот да ја видат жалбата и да бидат запознаени со истата, а потоа и јавноста.

Прашана што ќе биде со предметот за кој беше извршен претресот во Управата за финансиска полиција, Рускоска, рече дека не знае, и нагласи дека веќе почнала со сослушување на сведоци, но поради суспензијата тие морало да се одложат.

– Во решението за моја суспензија е наведено дека предметите треба да ги предадам на колешката која е одредена согласно годишниот распоред, истата од 15-ти се наоѓа на годишен одмор и предметите не можев да ги распределам. А таа не може да ги работи бидејќи и против нејзе има дисциплинска постапка, изјави Рускоска.

За тоа до какви докази дошле со претресот во Управата за финансиска полиција, Рускоска рече дека не им биле доставени сите документите кои ги барале.

– Не дојдовме до докази зашто ние со претресот ги набројавме точно кои предмети треба да ни бидат доставени. Се работи за околу 250-300 предмети од кои ни беа доставени 30-ина, повеќето од кои воопшто не ги баравме. Сè уште нема доставено скоро ниту еден предмет од тие кои ги имаме побарано, изјави Рускоска.

Според законот за кривична постапка, таа посочи дека, имаат право да бараат казнување на институцијата и казнување на одговорното лице и најави дека тоа и ќе го сторат.

За предлогот за поведување дисциплинска постапка против неа, Рускоска рече дека од Комисијата сѐ уште не ѝ било побарано да се произнесе и посочи дека таа постапка трае подолго.

Рускоска нагласи дека ниту јавниот обвинител на РСМ, ниту јавните обвинителства можат да даваат насоки и укажувања по конкретен предмет.

– Од страна на ЈОРСМ не се вршеше надзор врз целокупната моја работа или на колешките, туку надзор исклучиво по овој предмет и по овој предмет ние добивме укажувања и сметам дека апсолутно е спротивен на законот. Законот е таков каков што е и мораме таков да го применуваме. Ако излеземе од рамките на кој било закон се создава многу лоша пракса, и сметам дека овој член и став се донесени исклучиво да се обезбеди професионално постапување на кој било јавен обвинител, изјави Рускока.

Прашана дали добила поддршка од колегите, Рускока, рече дека добила понуди за помош, но и поддршка од повеќе колеги обвинители од регионот, но и судии и адвокати од земјава.

Во однос на тоа дали се чувствува безбедно, и дали има закани по живот, Рускоска рече дека нема закани сега за сега, што не значи дека може и да нема.

За претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција, директорот Арафат Муареми на 8 август годинава поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против сите обвинители за кои тие сметаат дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела при постапување.

Републичкиот јавен обвинител, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа.

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, како што информираа од ЈОРСМ, поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда.

реклама

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Македонија

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе