Рускоска: Пожарот во автобусот почнал во багажниот простор што се наоѓа над резервоарот

Сопственикот на Беса Транс, Беким Хаџиу, бил во еден од автобусите кои се враќале од Истанбул, како втор возач, но сите четири автобуси не возеле во конвој, туку разделени, па не ја виделе несреќата. Ова го изјави шефицата на одделението за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска која ги сослушала сите возачи на автобусите.

Рускоска, во интервју за телевизија Телма, нагласи дека сите изјави и документи ги доставила до бугарските колеги кои ја водат истрагата за несреќата.

Со сопственикот Хаџиу, Рускоска рече дека разговарала на местото на несреќата, каде тој и рекол дека не е пренесувана никаква запалива материја во автобусите.

– Беше видно вознемирен и потресен. Го прашав дали носеле резервни канти со гориво. Вели дека нема шанси тоа да се случило. Ова беше неформален разговор, тука на самото место на настанот. Дали случајно можеби некој патник да купил пиротехнички средства, бидејќи се ближи Нова година, исто беше дециден дека одговорот е не. И толку беше нашиот разговор, изјави Рускоска.

За шпекулациите на бугарските таблоиди дека во автобусот се наоѓале и материјали за изработка на хероин која брзо горела, Рускоска рече дека разговарала си бугарскиот обвинител и главниот истражител, и кои двајцата категорично ги отфрлиле како не точни.

Во однос на прашањето како било возможно автобусот да изгори толку бргу, обвинителката Вилма Рускоска, изјави дека врз основа на информациите од бугарските истражители, за некои испитувања е потребно повеќе време.

– Инаку јас тоа точно го видов, баш го имам и сликано, делот фактички од кај што е почнат пожарот, а тоа е багажниот простор кој се наоѓа над резервоарот на автобусот. Затоа што на автобусите, резервоарите се напред, изјави Рускоска.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе