САД бараат ослободување на Американци од руски затвори, за возврат нудат руски трговец со оружје

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска соопшти дека планира наскоро да разговара со својот руски колега Сергеј Лавров, за првпат по руската инвазија на Украина кон крајот на февруари, и спомена дека САД ѝ дале „значајна понуда“ на Русија за ослободување на двајца Американци.

Овој телефонски разговор, кој е закажан „во следните неколку дена“, нема да биде посветен на преговорите за Украина, туку на Американците приведени во Русија и обновувањето на украинскиот извоз на жито, прецизираше американскиот државен секретар на прес-конференцијата.

„Планирам да покренам тема што е приоритет за нас: ослободување на Пол Вилан и Бритни Гринер, кои беа неправедно уапсени и треба да им се дозволи да се вратат дома“, рече тој.

„Ставивме значајна понуда на преговарачка маса“

„Пред неколку недели ставивме значајна понуда на преговарачка маса за да ги олесниме овие осдлободувања“, додаде тој, одбивајќи да каже за каква понуда станува збор.

Гринер е во притвор од средината на февруари, кога беше обвинета за шверц на дрога во Русија, откако нејзиниот багаж беше претресен на аеродромот во Москва. Гринер (31) рече дека ѝ било кажано да ги потпише документите без никакво објаснување, а преведувачот пренел само дел од нејзините детални одговори за време на испрашувањето по нејзиното апсење на аеродромот.

Властите што ја испрашуваа Гринер не ги објаснија обвиненијата ниту ги прифатија околностите на нејзиното патување, ѝ бил ускратен пристап до адвокат и не ѝ било објаснето што е наведено во документите што требало да ги потпише.

Поранешен американски амбасадор: На Русите треба да им се понуди руски трговец со оружје затворен во САД

Вилан беше приведен во хотел во декември 2018 година и обвинет за шпионажа, а потоа беше осуден на 16 години затвор. Тој беше во земјата за да присуствува на свадба додека Гринер се враќаше во нејзиниот руски тим.

Виктор Бут

Поранешниот американски амбасадор во Москва Мајкл Мекфол ја повика администрацијата на претседателот Џо Бајден да размени двајца американски затвореници за Виктор Бут, руски трговец со оружје затворен во САД. CNN синоќа објави дека Вашингтон ќе го понуди Бут за двајцата американски затвореници.

Блинкен додаде дека има намера да разговара со рускиот министер за надворешни работи за договорот меѓу Киев и Москва склучен минатата недела во Истанбул, со посредство на Турција и под покровителство на ОН, за да се овозможи испорака на околу 25 милиони тони жито во странство.

„Се надеваме дека овој договор брзо ќе овозможи повторно испраќање на украинско жито преку Црното Море и дека Русија ќе го испочитува своето ветување дека ќе дозволи минување на овие бродови“, рече тој.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе