САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Милиони дози вакцини против COVID-19 ќе бидат уништени во САД во услови на глобален недостиг на лекови против коронавирусот, пишува Guardian коментирајќи дека пропаднаа плановите на властите во земјата дека секој Американец ќе сака да се вакцинира.

Уште летоска, рокот на повеќето вакцини почна да истекува.

Најмалку 15 милиони дози биле фрлени меѓу март и септември, според анализата на Администрацијата за храна и лекови на САД. Одделна студија покажа дека еден милион дози биле фрлени во 10 држави помеѓу декември и јули.

Луизијана, на пример, фрлила 224.000 неискористени дози вакцини, стапка што скоро тројно се зголеми од крајот на јули. Експертите коментираат дека тоа се случува во екот на четвртиот бран кој е најсмртоносен досега во САД.

Илјадници дози се фрлаат секој ден во Висконсин. Повеќе од 65.000 дози се фрлени во Алабама, во Тенеси речиси 200.000.

Веста доаѓа во услови на глобален недостиг на вакцини, додека милиони луѓе ширум светот ги чекаат нивните први дози. Само еден процент од населението на сиромашните земји добиле една доза од лекот од јули, во споредба со повеќе од половина од населението во богатите земји.

Многу од фрлените дози доаѓаат од аптеките – сега околу 7,6 милиони фрлени дози се од четири големи аптеки: Walgreens, CVS, Walmart и Rite Aid.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден инсистира американските резерви на вакцини да се користат за засилувачки дози.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе