САД и Кина се блиску до договор, цените на нафтата растат

Цените на нафтата денеска нагло пораснаа по најавите дека Кина и САД се на чекор до постигнување на трговскиот договор.

Во Лондон, цената на сировата нафта Брент порасна за 69 центи на 62,38 долари за барел.

Во Њујорк, цената на сировата нафта е поголема за 53 центи и изнесува 56,73 долари за барел.

Претходно од кинеското Министерство за надворешни работи беше соопштено дека кинескиот претседател Сји Ѓинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп постојано се во контакт на различни начини.

Кон крајот на минатата недела цените на нафтата пораснаа за околу два долари откако американски извори наведоа дека можно е потпишување на трговскиот договор меѓу САД и Кина во текот на месецов.

Трамп минатата недела сугерираше дека можно е договорот да го потпише во Ајова, американската сојузна држава која беше најтешко погодена од царинските покачувања во 16-месечниот трговски спор меѓу двете најголеми светски стопанства.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе