САД ја предупредија Србија на изборите да нема воени злосторници за кандидати

Парламентарната комисија за надворешни работи на САД јавно ја предупреди Србија дека на изборите не треба да има кандидати кои се воени злосторници, објави „Гласот на Америка“.

Ова на Twitter го објави американскиот комитет за надворешни работи, повикувајќи се на пишувањето на Balkan Inside. Во текстот кој го објави Балканската истражувачка мрежа BIRN се наведува дека „двајца осудени воени злосторници се надеваат дека ќе бидат избрани за пратеници на изборите следниот месец во Србија, додека уште неколкумина, кои се бараат од судот на ООН или за кои постојат обвинувања за воени злосторства, се подготвуваат за трката за влез во Собранието, соопшти „Глас на Америка“.

Еден од нив е Драган Васиљковиќ, познат на Балканот како капетан Драган, воен злосторник кој се врати во Србија на 28 март годинава, откако беше ослободен од затворот во Хрватска каде издржуваше казна за злосторства кои во оваа земја ги има извршено во 1991 година, се наведува во текстот.

Друг воен злосторник кој ја има најавено својата кандидатура е ултранационалистичкиот лидер на Српската радикална партија, Војислав Шешељ, кој беше осуден од Механизмот за меѓународни кривични судови за воени злосторства над Хрватите во 1992 година.

Како што јави дописиникот на МИА од Белград, Драган Васиљковиќ кој најави кандидатура за пратеничко место во српското собрание, изјави дека ќе побара Милорад Улемек-Легија и Звездан Јовановиќ да бидат ослободени бидејќи и покрај правосиланта пресуда, „не знае дали Легија и Звездан се виновни за убиството на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ“.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе