САД за прв пат одобри продажба на месо произведено во лабораторија

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) за прв пат одобри производи од лабораториски култивирано месо од животински клетки како храна за луѓе, објави агенцијата.

UPSIDE Foods, компанија која произведува клеточно култивирано пилешко месо преку собирање клетки од живи животни и користење клетки за култивирање месо во резервоари од нерѓосувачки челик, ќе може да ги пласира своите производи на пазарот откако истите беа прегледани од Министерството за земјоделство на САД (УСДА), стои во соопштението на ФДА.

„Светот доживува прехранбена револуција и ФДА е посветена на поддршката на иновациите во понудата на храна“, објавија службеникот Роберт М. Калиф од ФДА и Сузан Мејн, директорка на Центарот за безбедност на храна и примената исхрана при ФДА.

ФДА во докуметацијата која ја објави синоќа истакна дека ги прегледала сите податоци на компанијата и дека нема понатамошни прашања околу заклучокот на истата дека нејзиниот производ е безбеден за консумирање од страна на луѓе.

„Воодушевени сме од објавата на ФДА“, преку е-порака изјави Дејвид Кеј, комуникациски директор во UPSIDE Foods. „Овој историски чекор му отвора пат на нашето пробивање до пазарот“.

Фармите со крави се едни од најголемите загадувачи, а проценките велат дека бројот на човечко население во наредните 50 години ќе порасне до 10,5 милијарди. Поради тоа, наоѓањето нови и еколошки начини за обезбедување исхрана за населението е еден од најголемите предизвици на човештвото.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе