Сакале-нејќеле, Facebook им пласира нов дизајн на десктоп корисниците

Корисниците на Facebook кои ја користат десктоп верзијата веќе почнаа да добиваат редизајнирана верзија на социјалната платформа. Оние кои уште не добиле, тоа може да го очекуваат во наредните денови.

Речиси сите навигациски елементи, менија и поставки се преместени лево на десктоп верзијата на платформата, без навигација на врвот на страницата. Десно ќе има само копче за пораки на дното на екранот.

Како што пишуваат некои корисници, не биле прашани дали сакаат да го прифатат новиот редизајн, а очигледно засега нема начин да се вратите на претходната верзија, доколку веќе сте ја добиле.

Facebook во кратка порака понуди објаснување за новината.

„Ги преместивме сите ваши опции за навигација на едно место. Оваа промена комбинира сè што ви треба на Facebook - вашиот профил, пребарување, известувања, пораки и многу повеќе“, се вели во известувањето.

Поминаа речиси точно две години откако Facebook го лансираше својот најнов голем редизајн, кој вклучуваше голема промена во навигацијата на страницата, „почист“ изглед и опционален темен режим. Тоа беше голема промена и требаше време да се навикнеме, но тоа беше многу потребна ревизија на пренатрупаниот Facebook од старите времиња.

Оваа нова промена е малку дезориентирачка. Нема повеќе копче Home, бидејќи е заменето со логото на Facebook во горниот лев агол. Исто така, тешко е да се навикнеме на фактот дека нема апсолутно ништо во горниот десен агол, каде што порано беа некои од најважните функции и опции, вклучувајќи нотификации и Messenger.

Имањето на повеќето функции и опции лево е вообичаено во веб дизајнот; Twitter и Gmail имаат сличен изглед. Facebook, сепак, има огромно количество опции, функции, копчиња и кратенки, па ставањето на сето тоа лево можеби не е идеалното решение.

Тагови
реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе