Салах: Можеби еден ден ќе играм во Шпанија

Еден од најдобрите фудбалери на светот, Египќанецот Мохамед Салах, не ја исклучува можноста да заигра и во Ла Лига.

Нормално, доколку некогаш замине на Пиринеите, многу веројатно е дека тоа би било или во Реал Мадрид или во Браселона, бидејќи играч од негов калибар може да да се пресели единствено од еден гигант во друг.

Во интервју за шпанска Marca по повод претстојниот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите на неговиот Ливерпул против Реал Мадрид, Салах не сакаше да зборува конкретно, но сепак ја остави вратата подотворена за во иднина.

„Не зависи од мене. Ќе видиме што ќе се случи, но искрено не би сакал да зборувам за тоа“, вели тој.

Шпекулациите велат дека лошата сезона на Ливерпул ги влошила односите помеѓу него и тренерот Јирген Клоп и поради тоа можеби уште на лето би си заминал. Салах тоа го демантира.

„Мојот однос со Клоп е еден сосема нормален однос помеѓу двајца професионалци. Така би го опишал“.

Со оглед на тоа што Салах досега играше во Премиер лигата и во Серија А (играше за Фиорентина и Рома), неизбежно прашање е и дали би сакал еден ден да се проба и во Ла Лига.

„Зошто да не? Никој не знае што ќе се случува во иднина, така да... можеби еден ден, да. Се надевам дека ќе можам уште многу години да играм фудбал“, вели египетската ѕвезда.

Ливерпул го пречекува Реал тек на 14 април, има две недели до тогаш, а Салах има голема почит кон предводникот на „Кралевите“, Зинедин Зидан.

„Тој е одличен тренер. Трипати ја освои Лигата на шампионите. Едноставно, одлично си ја врши работата со тимот. Си замина, а потоа се врати да му помогне на тимот повторно да освојува трофеи. Тој беше еден од моите идоли кога бев мал. Неверојатен стратег е“, упати низа пофалби Салах, меѓу редови навестувајќи во кој шпански гигант би се преселил еден ден.

Салах за време на интернационалната пауза беше со репрезентацијата на Египет за која ги одигра двата последни квалификациски натпревари за пласман на Африканскиот куп на нации. По 90 минути одигра и во ремито 1:1 на гости кај Кенија, и во победата од 4:0 дома над Комори каде постигна и два гола. Египет како прв во групата избори пласман на завршницата која поради пандемијата е поместена за периодот јануари-февруари 2022 година.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе