Салах објави за кралицата и предизвика бес во Египет

Египетскиот репрезентативец и напаѓач на Ливерпул е еден од плејадата познати спортисти кои ѝ оддадоа почит на починатата британска кралица Елизабета II, но неговата објава на Instagram предизвика многу негодувања во неговата земја.

Египќаните ѝ замеруваат на Елизабета II поради агресијата и окупацијата од страна на Обединетото Кралство, Франција и Израел од 1956 година поради контролата на Суецкиот Канал.

Суец е изграден во 1859 година, а во 1882 делница од Каналот купија Британците. Дури во 1922 го вратија во посед на Египет, кој стекна независност по падот на Османската Империја.

Сепак, британската контрола се задржа и во наредните децении, по што Суец беше национализиран во 1956 година и поради што изби војна во која Египќаните излегоа како победници.

„Граѓаните на Велика Британија и целиот свет ѝ оддаваат почит и за последен пат се простуваат од нејзиното височество кралицата Елизабета II, одбележувајќи го нејзиното наследство и посветената служба. На овој историски и емотивен ден моите мисли се со кралското семејство“, напиша Салах на Instagram, а бројни египетски навивачи негативно реагираа на неговиот пост со кој дефионитивно не се прослави во својата земја.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Mohamed Salah (@mosalah)

Некои од коментарите се:

„Што ти е на тебе?“

„Прочитај што им направи на Арапите и нејзината биографија пред да објавиш вакво нешто“.

„Запрашај се што правела, па потоа објави ја фоткава“.

„Види, Мо, те поддржувам од 2014 и ќе продолжам да те поддржувам бидерјќи ти го живееш сонот кој некогаш беше мој и сон на многумина од  нас Египќаните. И знам дека ви е кажано да го направите ова, да објавите, но не можеме да го оправдаме фактот што таа беше онаа која покрена тројна агресија во 1956 година“.

Салах сезонава игра под очекувањата, како и неговиот Ливерпул, и постигна само 4 гола на 9 натпревари во сите конкуренции. Нема да игра ниту на Мундијалот во Катар бидејќи неговиот Египет не успеа да се пласира.

реклама

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе