Само еден ден издржа статуата „зомби Анџелина Џоли“

Уривањето на статуи во САД изминатиов период стана веќе секојдневие. Но, она што сега се случи во Русија веројатно за повеќето е и оправдано.

Градските власти на градот Нововоронеж во текот на вчерашниот ден поставија статуа наречена „Аленка“ во чест на 250-годишнината од основањето на градот, тогаш како село.

Но, статуата не наиде на симпатии кај жителите кои, пак, дури и се уплашија од нејзиниот празен поглед и вонземните црти.

Некои ја опишаа како „повеќе споменик на жртвите од COVID-19“ или пак дека е „зомби Анџелина Џоли“. Некои велат и дека личи на Мерилин Менсон. Статуата веднаш стана популарно меме по руските социјални мрежи.

Реакцијата на жителите ја поддржа и регионалниот сенатор Алексеј Пушкин: „Да, морничава е. Очите ѝ се како на вонземјанин“.

„Не е споменик туки е уметничка инсталација. Нашата работна група ја посвети на настаните со кои се одбележува годишнината на селото Новаја Аленовка. Инсталацијата е само еден уметничкки предмет од многуте планирани настани“, рече Светлана Тулинова, главна на градската администрација.

Според легендата, млада девојка по име Аленка основала населба на бреговите на еден поток. Еден ден била убиена, а нејзините сограѓани ја именувале населбата во нејзина чест. Подоцна истата населба прераснала во денешниот град Нововоронеж, кој се наоѓа близу украинската граница. Брои 32 и пол илјади жители.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Чек дис аут

Топ 15 најморничави напуштени градови

Read more

Зоо измама: Обоиле кучиња и ги претставиле како панди

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Кружен ток не е за секој

Read more
 

Магазин

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе