Оваа мала европска земја е на прагот целото свое население веќе да го имунизира откако руската вакцина пристигна завчера.
Сан Марино не е ниту во НАТО, ниту во Европската Унија. Затоа, Сан Марино нема никакви политички надмудрувања, реваншизми и тактизирања. Откако во февруари почна вакцинација со вакцината на Pfizer/BioNTech со која веќе половина од населението кое брои 33.600 жители до завчера се извакцинира (вкупно 13.832 жители), оваа енклава продолжува до 100% со новите количини од Спутник V.
За децата под 16 години вакцината ќе продолжи да се одвива со преостантите количини од Pfizer/BioNTech, додека сите останати продолжуваат со Спутник V.
Властите на Сан Марино одлучија да не чекаат ФДА и ЕМА да ја одобрат руската ванкцина, туку што побрзо да го заштитат сопственото население кое е силно погодено од вирусот. Досега се заразија вкупно 4.932 жители од кои 85 починаа со што малата држава е трета во свет според стапката на смртност (2,501 индекс) од почетокот на пандемијата, зад Гибралтар (2,791) и Чешка (2,575). За потсетување, Северна Ммаедонија е 9-та со индекс од 1,972, колку што има и Словенија.
Со оглед на малиот број ан населениот, иако Сан Марино доцна ја почна вакцинацијата, на повидок е таа да стане првата европска земја со целосна имунизација од COVID-19.