ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛИ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА

Санденс, Кан, Венеција и други фестивали ќе ги стримуваат филмовите на YouTube

Пандемијата со COVID-19 носи многу промени во начинот на кој живееме и функционираме, но исто така покажува како некои работи не е толку тешко да се направат и може да им бидат достапни на повеќе луѓе.

Токму тоа го покажува филмската индустрија. Повеќе од 20 влијателни филмски фестивали ширум светот, вклучувајќи ги Санденс и Кански филмски фестивал, се здружија со една цел – да ги стримуваат на YouTube филмовите кои инаку би се прикажувале пред публика на годишните настани.

Ваквиот потег е дел од 10-дневниот настан We Are One: A Global Film Festival на кој ќе се стримува избор од играни, кратки, документарни и музички филмови, како и комедијантски шоуа и панел дискусии.

Виртуелниот настан ќе почне на 29 мај и ќе трае до 7 јуни. Во програмата ќе се вклучат фестивали како Кан, Санденс, Торонто, Берлин, Трајбека и Венеција. Гледачите, во зависност од земјата од која гледаат, ќе може да донираат средства за Солидарниот фонд за справување со COVID-19 на СЗО.

Канскиот филмски фестивал ја поздрави иницијативата со соопштение во кое вели: „Со гордост се вклучуваме заедно со нашите партнерски фестивали во прикажувањето на исклучителни филмови и таленти, со што публиката ќе има можност да ги искуси и нијансите во филмското раскажување ширум светот и уметничките карактери на секој од фестивалите“.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе