СЕРИЈА А 2023/2024

Сари бесен: Кој одлучил дербито да се игра викендов не е многу паметен

Идејата градското дерби меѓу Лацио и Рома да се игра веднаш по обврските на двата римски клуба во Европа не му се допаѓа на тренерот на „Бјанкочелестите“, Маурицио Сари.

Искусниот стручњак зборуваше веднаш по натпреварот од Лигата на шампионите против Фејнорд, кој неговиот тим го доби со 1:0, за тоа како тоа не е паметен потег.

„Личноста која одлучила натпреварот со Рома да се игра истата недела кога на програмата се европските натпревари не е најинтелигентната личност на светот. Имам впечаток дека луѓе кои немаат врска со фудбалот си правеле распореди и одлучувале кога ќе се играат натпреварите“, луто рече Сари.

Според неговите зборови, Рома ќе има полесна работа против прашка Славија в четврток отколку неговата екипа во вторникот против Фејнорд, бидејќи и „Волчицата“ и чешкиот тим имаат практично обезбеден пласман во понатамошниот тек од натпреварувањето.

„Синоќа имавме војна против Фејнорд, а Рома може да си дозволи натпревар како пријателски против Чесите. Имаат таква позиција во групата што можат да ги одморат играчите“, истакна Сари, но неговите зборови сигурно нема да му се допаднат на тренерот на Рома, Жозе Мурињо.

Дерби дела Капитале е закажано за недела, 12 ноември во 18:00 часот. Домашниот Лацио влегува како десеттопласирана екипа на табелата во Серија А со 16 освоени бодови, додека Рома има бод повеќе и е на седмото место.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе