Сателитскиот интернет Starlink на SpaceX работи на уредите iPhone, Pixel и Galaxy

Мобилниот систем Starlink на SpaceX досега се покажа како „огромен успех, исполнување и надминување на целите на тестот“. Компанијата го наведува напредокот во тестирањето на својата технологија Starlink Direct-to-Cell, која користи сателити во орбитата за испраќање интернет податоци на мобилните телефони на земјата.

SpaceX претходно се огласи на социјалната мрежа X за да демонстрира некои од своите успешни тестови, кои неодамна вклучија испорачување брзина на преземање од 17 Mbps. Вработените во SpaceX ги тестираа можностите на технологијата во Редмонд во Вашингтон, Маунтин Вју во Калифорнија и Канзас Сити во Тексас.

„Помеѓу другите резултати, сателитите можеа да комуницираат со повеќе модели на немодифицирани уреди на Samsung, Apple и Google користејќи го спектарот PCS G Block на T-Mobile во урбани и рурални области, внатре и надвор, како и под ведро небо и под дрвја. Овие уреди комуницирале за време на минувањето на сателитот и не доживеале пречки“, според SpaceX.

Интересно е и како мобилната Starlink технологија ќе пренесува интернет податоци на мобилни телефони во затворен простор. Деталите сè уште не се достапни, но SpaceX ја тестираше сателитската технологија во рамките на максималната дозволена густина на моќност, или како што ја нарекува „количината на енергија што ја емитува предавателот, а која е присутна по единица површина“.

„Ова им овозможи на уредите да комуницираат со сателити дури и кога се под дрвја или во затворени простории (иако услугата Direct-to-Cell е дизајнирана за надворешна употреба) до агол на височина од 25 степени“, се додава.

Покрај објавувањето на X и испраќањето СМС пораки, мобилната технологија Starlink може да пренесува и пораки испратени преку WhatsApp.

Ривалските компании беа загрижени дека сателитите Starlink ќе предизвикаат радио пречки, но немаше такви во текот на двата месеца секојдневно тестирање.

Откако доби дозвола од властите, SpaceX планира да го лансира мобилниот систем Starlink за корисниците на мрежата T-Mobile некаде подоцна оваа година. Целта е првично да се овозможи испраќање текстуални пораки, додека поддршката за гласовни повици и податоци треба да пристигне следната година.

За лансирање на услугата, SpaceX планира да лансира повеќе од 800 сателити Direct-to-Cell во наредните месеци.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе