Се апси во Прилеп: Фиктивно вработувале бремени жени и родилки за да украдат над 500.000 евра од Фондот за здравство

Денес од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција извршува претреси на повеќе локации во Прилеп и се приведуваат осомничени лица. Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Цицач“, за кривични дела против службената положба, јавните финансии, платниот промет и стопанството што ја спроведе Управата за финансиска полиција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.

Управата за финансиска полиција, како резултат на повеќемесечна предистражна постапка под кодно име „Цицач” до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против повеќе физички и две правни лице, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела ИЗМАМА и ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ДРУГИ ПРИНОСИ ОД КАЗНИВО ДЕЛО од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, со што е предизвикана штета на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија во износ од 35.551.472 денари.

Првопријавениот во својство на овластен потписник на банкарски сметки на пријавените правни лица како и овластен потписник на банкарските сметки на повеќе физички лица, заедно со второпријавениот и третопријавениот во својство на управители и сопственици на пријавените правни лица, во период од септември 2020 до октомври 2023 година со намера да се стекнат со противправна имотна корист за себе, со лажно прикажување на факти го довеле во заблуда Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија да исплати парични средства по основ на користење на право за надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство на поголем број бремени жени-родилки, на начин што фиктивно ги вработувале во пријавените правни субјекти, како продавачки без да одат на работа, под услов да се бремени, притоа исплаќајќи им месечни примања во висина на минималната плата, за да по исполнувањето на законскиот услов од 6 месеци, извршат корекција на плата на многу поголеми износи од минималната, давајќи невистинити и лажни податоци во Управата за јавни приходи.

Првопријавениот во својство на овластен потписник на сметките на фиктивно вработените бремени жени – родилки, поголем дел од паричните средства кои биле исплатени од Фондот за здравствено осигурување по основ на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство ги присвоил за себе на начин што дел од паричните средства ги подигал во готово, а останатиот дел ги пуштил во оптек односно ги префрлил кон банкарските сметки на пријавените правни лица и кон сметката на шестопријавената по основ давање или враќање позајмици, а сѐ со цел да го прикрие потеклото на нелегално стекнатите парични средства.

Со таквите дејствија пријавените лица го оштетиле Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за износ од 35.551.472 денари.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Хроника

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Read more

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Read more

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more
 

Вести

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Читај повеќе

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Читај повеќе

Палевски екстрадиран од Турција, синоќа стигна во „Шутка“

Читај повеќе

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе