Се бара Пендаровски да го искористи правото на вето за скандалозните промени на Кривичниот законик

Макфакс/Кајгана
/ 07.09.2023 / 15:20

Платформата на граѓанските организации за борба против корупцијата денеска побара од претседателот на државата, Стево Пендаровски, да го искористи уставно загарантираното право на вето и да не го потпише указот за прогласување на измените на Кривичниот законик, кои вчера, 6 септември 2023, ги усвои Собранието.

Платформата нагласува дека има две причини зошто претседателот Пендаровски има должност да го искористи ветото.

„Првата причина е дека со измените на членовите 353 и 353-в предложеното намалување на казните ќе резултира со:

Застарување на многу случаи од висок профил, како ‘Титаник’, ‘Таргет/Тврдина’, ТНТ, ‘Титаник 2’, ‘Трезор’, ‘Талир’, ‘Шпански скали’ и ‘Траекторија’, како и други случаи од понизок профил.

Ќе ја урниса довербата дека борбата против корупцијата е можна и ќе ги демотивира граѓаните да пријавуваат корупција.

Ќе ја намали превентивната функција на системот на кривична правда.

Втората причина е поврзана со процедуралните недоследности, во кои измените на овие два члена се разгледувани со специјална и кратка процедура под капата на европско знаменце, иако, според постојните кореспондентни табели, не се усогласуваат со европското право. На тој начин се изигруваат скратените процедури и Собранието не ја исполнува својата должност на делиберација по нормите што ги носи.

Претставниците на граѓанските организации членки на Платформата доставија и официјално писмено барање до претседателот Пендаровски“, наведуваат од Платформата на граѓанските организации.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Ново

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе
  • filter

Ferrari 12Cilindri од секој агол

Читај повеќе