Се очекува следниве седум дена бројот на примени пациенти да биде поголем од бројот на испишани

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Во следните седум дена очекуваме бројот на примени пациенти да биде поголем од бројот на испишани, и затоа овој бран и наплив во болниците треба да се издржи, затоа што има план кој веќе се спроведува. После овој период се очекува намалување на бројот на хоспитализирани пациенти, рече на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека денеска се правеле проценки и на бројот на пациенти кои во следниот период би биле излекувани.

– Многу е важно состојбата да се држи под контрола и на дневна основа се прават планови, по потреба прераспределба и на пациентите кои се сместени и секако на кадарот. Деновиве сум во интензивен контакт со сите директори на болниците. На дневна основа се прават овие проценки, организација, реорганизација, истакна Филипче.

Посочи дека целиот менаџмент на клиниките и одделенијата е максимално мобилизиран и верува дека успешно ќе одговорат и на овој голем предизвик. Според него, ова е најголемата здравствена криза во нашата земја досега.

– Никогаш не сме се соочиле со ваква здравствена криза. Не е воопшто лесно, но имаме и знаење и капацитет и начин на организација и план што веќе се спроведува за оваа криза да ја надминеме. Досега одлично се менаџираше кризата, го подготвивме системот за ова сценарио и сега го спроведуваме. Барам силна поддршка од граѓаните, од сите чинители во општеството, за здравствените работници. Барам разбирање и трпение кај граѓаните, на кои заради оваа криза им се откажани претходно закажаните прегледи и интервенции и верувам дека ќе се вратиме во нормала брзо и тие повторно ќе имаат пристап кон здравствените услуги, но во овој момент сите сили ги насочуваме за да излеземе од оваа криза, додаде Филипче.

Вториот бран дојде порано од што очекувавме, подготвени сме да интервенираме

Апсолутно мерките беа носени врз основа на анализите во секој момент навреме и беа согласно сите препораки и критериуми на Светската здравствена организација и нема мерка што не е преземена, меѓутоа овој бран што потекнуваше од настани што точно ги идентификувавме од страна на епидемиолошките прашалници, беше нешто добро на што добро изреагиравме во овој момент.

Ова го оцени министерот за здравство во одговор на новинарско прашање „дали здравствениот систем има капацитет да се справи со оваа ситуација и дали ќе ја платиме цената на лошите стратегии и мерки кои се носеа во изминатиот период“.

– Точно знаеме со што располагаме и подготвени сме да интервенираме, дури и во случај да имаме и поголем број пациенти. Ние со ваква криза, а ниту една земја во светот не се соочила и сметам дека добро изреагиравме и добро се менаџира. Вториот бран дојде порано од што очекувавме, но тоа е тренд насекаде во регионот, истакна Филипче.

Анализирани се причините зошто дојде до ова зголемување, анализирани се мерките кои и кога се воведени во нашата земја, консултирана е и СЗО, информира министерот Филипче и потенцира дека нема мерка што не е спроведено или нешто што е пропуштено или направено во погрешен тајминг.

– Тоа што беше невообичаено и се трудевме да го анализираме беше како кај нас се случува, а не во околните земји за еден пораст на бројот на новодијагностицирани пациенти, посебно имајќи ги предвид сличните карактеристики во сите земји во регионот, истите идентични воведени мерки во идентичен тајмин. Бевме прилично сигурно дека рано и на време сме интервенирале во идентификација на контактите и тестирање на контактите на заболените со најголем ризик, со цел да имаме чиста слика во овој момент на епидемиолошката состојба, за да не не изненади голем наплив на пациенти во одреден момент што сега го имаме и број не надминува 20 проценти од вкупниот број на новодијагностицирани, појасни Филипче.

Во таа смисла, најави, интензивно анкетирање на терен, идентификацијата на контактите, нивно тестирање по индикација, може да предвидеме што ќе се случи.

Според  Филипче, веќе истиот тренд се јавува и во регионот, го има насекаде во сите околни земји веќе со сериозен број новодијагностицирани, што, потенцира, ни укажа на тоа дека навреме сме интервенирале и оти со оваа стратегија треба да продолжиме.

Капацитетите се подготвени, потенцира, и има сосема доволен број кревети и медицинска опрема и сега кога има навистина голем број пациенти, посебно во изминатите неколку денови.

Според него, најголем притисок има во ГОБ „8 Септмври“ и Инфективната клиника во Скопје.

Уште еднаш повтори дека консултации се прават секојдневно со сите директори во смисла на тоа доколку треба префрлање пациенти во зависност од тежината и капацитетот на ЈЗУ или болница во внатрешноста на земјата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе