Се подава топката за саботажата на Северен поток

Европски безбедносни претставници во понеделникот и вторникот виделе бродови на руската морнарица во близина на истекување на гас од гасоводот Северен поток, што најверојатно предизвикало подводни експлозии, изјавија за CNN двајца западни разузнавачи и друг извор запознаен со ова прашање.

Не е јасно дали руските бродови имале некаква врска со експлозиите, рекоа изворите на CNN, но тоа е секако еден од многуте фактори што истражителите за можната саботажа на „Северен поток“ ќе го земат предвид.

Минатата недела во близина на истата област беа забележани и руски подморници, изјави еден од разузнавачите со кои разговараше CNN.

Неколку дена откако експлозиите очигледно предизвикаа три одделни и симултани истекувања на гас од гасоводите Северен поток 1 и 2, тројца американски претставници изјавија за CNN дека САД сè уште немаат детално објаснување за тоа што се случило.

Еден дански воен офицер рече дека рутински бродови на руската морнарица пловат низ областа. Тој нагласи дека присуството на руски бродови не мора да значи дека Русија стои зад саботажата на Северен тек.

Сомнеж во Русија

„Ги гледаме секоја недела. Руската активност на Балтикот е зголемена во последниве години. Тие често ја тестираат нашата способност да ги видиме, и на море и во воздух“, рече данскиот офицер.

Сепак, фактот дека руски бродови се забележани на местото на саботажата фрла сомнеж во Русија, која досега привлече најголемо внимание на европските и американските претставници како единствениот актер во регионот кој има способност, но и мотив, намерно да ги оштети гасоводите, според CNN.

Инцидентот го истражуваат и Данска и Шведска, но сè уште се чека увид на местото на истекување на гас, а се уште нема детали што би можело да ги предизвика експлозиите. 
Европски претставник рече дека данската влада ја проценува ситуацијата и може да поминат две недели пред да започне вистинската истрага, со оглед на фактот дека притисокот во цевките на гасоводот го отежнува пристапот до локацијата. Друг извор запознаен со ситуацијата рече дека истрагата би можела да започне оваа недела.

Захарова: Северен поток е саботиран на места кои се под контрола на американските разузнавачи

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека истекувањето на гас во близина на брегот на Данска и на Шведска се случи во подрачје врз кое „Вашингтон има целосна контрола“.

„Тоа се случи во трговските и економските зони на Данска и Шведска. Тоа се земји кои се целосно под контрола на американските разузнавачки служби“, истакна Захарова во интервју за телевизијата „Соловјев лајф“.

Таа не наведе докази за нејзиното тврдење дека Шведска и Данска се под американската контрола.

Европска Унија се сомнева во саботажа како причина за истекувањето на подморскиот руски гасовод кон Европа и вети „силен“ одговор на секое намерно нарушување на нејзината енергетска инфраструктура.

Иако ниту еден од цевководите не бил во употреба во моментот на подводните експлозии, и двата биле полни со гас кој истекувал во Балтичкото Море, а првото истекување беше забележано на 26 септември. Шведската крајбрежна стража денеска соопшти дека е откриено уште едно истекување на гас од Северен поток 2.

„Две од четирите истекувања се во ексклузивната економска зона на Шведска. Другите две истекувања на гас се во данската ексклузивна економска зона, изјави портпаролката на шведската крајбрежна стража Џени Ларсон. 

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Свет

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Read more

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Read more

Голем протест во Шведска: Не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета

Read more

Украина изведе најдлабок напад во Русија, погоди рафинерија оддалечена 1.500 км

Read more
 

Вести

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Читај повеќе

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Читај повеќе
  • filter

Голем протест во Шведска: Не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета

Читај повеќе

Симфонија на трајни вредности: концерт на Мизар и Хармосини во Македонска филхармонија

Читај повеќе

Груевски ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството ги казни политиките што ги постави Заев

Читај повеќе

Ги прскала со вода за да ја намалат вревата во Гази Баба, а тие со лименки фрлале кон неа и ја повредиле

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Читај повеќе
  • play_arrow

Украина изведе најдлабок напад во Русија, погоди рафинерија оддалечена 1.500 км

Читај повеќе

Маричиќ: Оставаме во наследство подобра држава од онаа што ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните

Читај повеќе