ФЕСТИВАЛ НА ОРГАНСКА ХРАНА 2019

Сѐ поголем интересот за органски производи, промоцијата слаба

Временските непогоди, сѐ уште неорганизираниот и незагарантиран пласман, како и слабата промоција, се клучните предизвици со кои во моментов се соочуваат домашните производители на органска храна. Како што рекоа денеска на Фестивалот за органска храна во Скопје, задоволни се од субвенциите, иако сметаат дека државата може да одвои малку повеќе поддршка.

Според производителите, од органското земјоделство може да се живее. Продажната цена е добра, а има и купувачи.

– Сѐ уште сами се снаоѓаме за пласман. Интензивна комуникација меѓу нас производителите нема, речиси секој за себе продава. Всушност, кој како ќе се снајде, изјави Рахела Сенталовска од селото Евла, Ресенско, производител на органски малини, лешници, цреши, круши, јаболка и сливи.

Трошокот за органското производство е многу помал од конвенционалното, а производите се квалитетни. Затоа, нагласи, би било добро кога би имало и загарантиран пласман.

– Лешниците засега ги продаваме само во Ресен, од 600 денари за килограм па нагоре. Малините одат по 250 денари, ги продавме во Охрид, Битола, Прилеп, Скопје. Имаме голема побарувачка, но луѓето не се добро запознаени со бенефитите од овие производи. Кога ќе дојдат, прво велат скапо е. Не знаат дека ние не користиме апсолутно никаква хемија, рече Сенталовска.

Според Македонка Мирева од Виница, производител на органски мед, продажната цена е добра, а има и потрошувачи кои се постојани клиенти.

– Имаме 100 пчелни семејства на 30 километри од Виница, во селото Трсиново, во подножјето на Плачковица. Годинава беше подобра од лани. На Фестивалов нудиме чист мед, мед со саќе, со ѓумбир, прополис..., напомена Мирева.

На штандовите на Плоштадот „Македонија“, денеска и утре може да се најдат органски домати за 100 денари килограм, органски јаболка за 40 до 50 денари, но и органско козјо бело сирење, свежо и сушено од селото Раштак. Посетителите можат да купат и занаетчиско пиво чија суровина е 100 процентно органска.

Фестивалот е под мотото „Заедно да градиме здрави навики“ и освен изложба и продажба на органски производи, ќе понуди повеќе работилници за здрава храна, јога дружба за најмладите, како и акустична рок забава.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Read more

Здравје

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more
 

Магазин

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Читај повеќе

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Читај повеќе

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлегендарни изгубени градови

Читај повеќе

Вечна дилема: Колку студот влијае на вкусот на пивото?

Читај повеќе