Сѐ повеќе луѓе страдаат од несоница – последица од пандемијата

За време на пандемијата, повеќе луѓе од вообичаено почнаа да страдаат од несоница.

Загриженоста за личното и здравјето на најблиските, финансиските проблеми и ограничените социјални контакти предизвикуваат стрес и несигурност.

„Напнатоста е непријател на добриот сон“, вели психологот д-р Ханс-Гинтер Вес, еден од водечките германски експерти за нарушувања на спиењето и член на извршниот одбор на Германското друштво за истражување на спиењето (DGSM).

„Фактот дека деновите ни се помалку структурирани ја влошува ситуацијата“, додава д-р Дора Триче, директорка на лабораторијата за спиење во болницата во Нирнберг и исто така член на DGSM.

Луѓето кои се принудени на телекомуникација, на пример, немаат просторно растојание помеѓу работното место и местото на одмор. Исто така се помалку изложени на дневна светлина и помалку вежбаат.

„Кога поминувате толку време во затворено, вашето тело не ја разбира добро дневната промена на светлината и темнината“, вели Триче. „Затоа можеби автоматски не сте поспани навечер“.

Но, за некои, работата од дома им помага кога станува збор за подобар сон, особено за оние кои секогаш наутро подолго време се поспани и им е тешко да станат за на работа. Сега тие можат да спијат подолго и да се чувствуваат поодморено.

Без разлика дали несоницата е поврзана со пандемијата или не, експертите за спиење имаат неколку совети.

„За да заспиете лесно, мора да се чувствувате безбедно и опуштено, тоа се однесува на сите“, истакнува Вес, но како да се постигне тоа зависи од личност до личност. „Дефинитивно треба да се обидете.“

На многумина од помош им е кога работите што го попречуваат спиењето ги чуваат подалеку од спалната соба, вели Вес. И затоа, ако сте ја претвориле вашата спална соба во домашна канцеларија, треба да спиете во друга просторија. И, ако тоа не е можно, по завршувањето на работниот ден, одделете ја работната маса со некаква преграда.

Триче советува во кревет да се обавува што е можно помалку работа што не е поврзана со спиењето, како што е гледање телевизија. „Твојот ум треба да знае дека креветот е место за спиење.“

Треба да одвоите време и психички да се дистанцирате од секојдневните проблеми пред спиење, а тоа значи да не гледате вести или ток-шоуа за пандемијата пред спиење затоа што тоа може да ве вознемири.

Но, мислите понекогаш продолжуваат да зујат, што и да направите. Ако се превртувите во кревет, Вес ве советува да станете.

„Колку и да е тешко, треба да останете смирени“, рече тој, објаснувајќи дека лежењето будни и сметањето уште колку часови ви остануваат додека не заѕвони алармот само го влошува стресот, а стресот не носи до сон.

Кога ќе станете, треба да направите нешто релаксирачко како слушање пријатна музика. „Во одреден момент, дремката ќе дојде сама по себе“, вели Триче.

За да избегнете такви ситуации воопшто, би било добро да легнете не затоа што е време да одите во кревет, туку кога сте навистина поспани.

Добриот сон зависи и од количината на физичка активност и изложеноста на свеж воздух во текот на денот. Спалната соба треба да биде тивка и темна и препорачливо е да се избегнуваат електронски уреди бидејќи сината светлина што ја емитуваат нивните екрани го потиснува ослободувањето на мелатонин, хормон кој нè успива.

„Затоа ги советувам оние кои имаат проблеми со несоница да читаат книга или да прелистуваат списание пред спиење“, забележува Триче.

Ако сè друго не успее и спиете лошо најмалку три ноќи неделно во подолг временски период, најдобро е да посетите специјалист. „Добриот сон е регенеративен и важен за здравјето“, заклучува таа.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе