Се разбрануваа духовите: Претседателот на Каталонија го откри референдумското прашање

Претседателот на Каталонија, Пере Арагонес, уште еднаш проговори за можностите за организирање референдум за независност на Каталонија и на јавноста ѝ откри потенцијално прашање што би можело да се постави на референдумот.

На прес-конференцијата, Арагонес рече дека за време на предизборната кампања им ветил на граѓаните дека ќе ја спроведе идејата за организирање референдум.

Арагонес нагласи дека референдумот може да се организира во согласност со членот 92 од шпанскиот Устав.

„Гласањето за независност е можно во сегашната законодавна рамка. Тоа е само прашање на волја, исто како и амнестијата. Извештајот на комисијата сугерира неколку начини за тоа, но приоритет би бил членот 92 од шпанскиот Устав, кој предвидува консултативен референдум за политички одлуки од особено значење. Тој го свикува кралот, а сето тоа на предлог на премиерот и со овластување на Конгресот на Шпанија“, рече Арагонес.

Сепак, Арагонес нагласи дека извештајот на комисијата не предвидува минимално учество за референдумот да се смета за обврзувачки, ниту процент од гласовите „за“ или „против“ независност.

Кога станува збор за прашањето што би им се поставило на граѓаните, Арагонес рече дека тоа би било едноставно.

„Дали сакате Каталонија да биде независна држава?“, објасни Арагонес.

Објаснувајќи ја одлуката, Арагонес го спореди овој тип на гласање со она во Шкотска што се одржа во 2014 година и нагласи дека тоа би било најидеалното и најизводливо решение за Каталонија.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Свет

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more
 

Вести

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе