Седум знаци дека треба веднаш да ја смените маската за лице

Заштитната маска се покажа како едно од најефикасните средства за помагање во борбата против ширењето на коронавирусот.

Носењето маска стана задолжително во затворен и отворен простор во нашата земја, регулирано со закон.

Но, има голема разлика помеѓу носењето каква било маска и носењето маска која е безбедна и ефикасна.

Постојат неколку знаци дека ви треба нова маска за правилно да се заштитите.

1. Маската е скината

Маските се ефикасна заштита и за вас и за оние околу вас само доколку се здрави. Ако маската има видливи дупки или некој дел од маската е искинат, сметајте дека е неупотреблива.

Целта на маската е да обезбеди физичка бариера за спречување на вирусот, или ако сте заразени за да спречите пренесување на вирусот на луѓето околу вас. Дупките на маската секако овозможуваат проток на вирусот.

2. Ја допревте маската откако допревте потенцијално контаминирана површина

Ако сте допреле потенцијално контаминирана површина, како што е количка во супермаркет или кваката на вратата, а потоа сте допреле кој било дел од маската, освен врвките, може да ја сметате и маската за контаминирана.

Што почесто излегувате или поминувате повеќе време во гужви, толку почесто треба да ја ставате маската за перење или во ѓубре веднаш штом ќе се вратите дома.

3. Сте негувале лице болно од COVID-19

Ако член на вашето домаќинство или некој друг кому му пружате нега е болен од COVID-19 или се сомневате дека е заразен, веднаш по средбата сменете ја маската со чисти раце, а потоа користената маска фрлете ја (доколку користите маска за еднократна употреба) или исперете ја, откако претходно сте ја спакувале во кесичка.

4. Сте ја носеле маската кога сте имале симптоми на COVID-19

Иако постојат докази кои сугерираат дека коронавирусот може да преживее неколку дена на некои површини, ако неодамна сте имале или се сомневате дека сте имале коронавирус, во ваш најдобар интерес е да ја замените маската за еднократна употреба или да ја исперете маската за да бидете безбедни вие и луѓето околу вас.

5. Ја допревте маската после кашлање или кивање

Коронавирусот се шири преку респираторни секрети, што значи дека се пренесува со кивање или кашлање. Ако неодамна ја допревте маската после кашлање или кивање во рацете, веднаш ставете ја за перење или во ѓубре, ако е за еднократна употреба. Ова треба да се направи дури и ако не знаете дека сте болни, особено затоа што има значителен број асимптоматски случаи на COVID-19.

6. Маската не ви ги покрива правилно носот и устата

За да се заштитите себеси и другите околу вас, маската треба да ви ги покрива и устата и носот. Ако вашата маска не одговара на вашето лице доволно добро за да ги покрие и устата и носот, и по можност брадата, време е да набавите нова.

7. Маската е направена од само еден слој ткаенина

Откако е почната пандемијата, многумина правеа маски по принцип „направи сам“, но ако вашата маска изработена дома има само еден слој ткаенина, таа не нуди посебно ниво на заштита. За да може маската ефикасно да ве заштити и вас и другите, таа мора да има повеќе слоеви ткаенина. Ако вашата маска нема повеќе слоеви, време е да набавите нова.

реклама

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Најдоброто природно ѓубриво: Пробајте наводнување со квасец

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе