Секое чудо за три дена: Threads изгуби половина од дневно активните корисници

Threads веќе почна да се соочува со губење на дневно активни корисници откако првичната еуфорија помина.

Апликацијата Threads, која е одговорот на Instagram за Twitter, имаше огромен успех од нејзиното лансирање. Седум дена по лансирањето, таа доби повеќе од 100 милиони корисници, што ја прави најбрзо растечката апликација досега.

Сепак, како што обично се случува, „секое чудо за три дена“, па возбудата за новата апликација веќе згасна. Според новите извештаи од SimilarWeb, бројот на дневно активни корисници на Threads е преполовен во споредба со првата недела од лансирањето.

Така, Threads забележа пад од 49 милиони дневни активни корисници на 23,6 милиони за само една недела.

Додека многумина веруваат дека Threads би можело да биде првата апликација која „ќе го убие“ Twitter, ќе мора да се случат значителни промени.

Со исклучок на првата недела од лансирањето, Threads сега е околу една петтина од големината на Twitter, и слично кога се гледаат дневните статистики на активни корисници. Twitter моментално има околу 110 милиони активни корисници дневно.

Иако ја носи титулата најбрзо растечка апликација од нејзиното лансирање, услугата сега има тешка работа да го задржи својот раст со текот на времето додека се натпреварува со жестоката конкуренција на пазарот.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Идеја за појадок: Мини крофни од апарат

Read more
Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Read more
Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Read more

Интернет

Готово е: Од денеска само X

Read more

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Read more

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Read more

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе