Секој втор Германец се плаши од напад на Путин

Секој втор Германец се плаши од руски напад, покажуваат резултатите од најновата анкета што агенцијата INSA ја спроведе за локалниот Bild.

Од 1.001 испитаник, 46 отсто одговориле дека се плашат од руски напад, 44 отсто рекле дека не, додека останатите не дале одговор.

Изненадувачки, истакнува Bild, најмногу се плашат левичарските гласачи, 55 отсто од нив и гласачите на CDU, 54 отсто од нив. Симпатизерите на AfD најмалку се плашат од војна.

Bild ги праша луѓето дали се подготвиле за војна во смисла на набавка на најосновните прехранбени производи. Вакви покани неодамна испратија и Шведска и Норвешка до луѓето. Според резултатите од истражувањето, 39 отсто од Германците го направиле тоа, а 56 од нив не.

Федералното биро за помош при катастрофи и цивилна заштита (BBK) долго време препорачува да се складира храна, вода, средства за хигиена, комплети за прва помош и основна опрема за кампување.

Еден од шест испитаници изјавил дека знае каде да побара засолниште во случај на напад. Веројатно поради речиси 600 преостанати засолништа за воздушни напади во Германија, од кои ниту едно моментално не е подготвено за употреба, пишува Bild, додавајќи дека одржувањето на засолништата во Германија било прекинато во 2007 година.

Германскиот министер за одбрана предупреди на можен напад од Русија

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус (Социјалдемократската партија на Германија, SPD) минатата недела предупреди за можноста Русија да ги нападне земјите на НАТО.

„Речиси секој ден слушаме закани од Кремљ, во моментов сè повеќе насочени кон нашите пријатели во балтичките земји. Мораме да сметаме на фактот дека Владимир Путин би можел да ги нападне и земјите членки на НАТО“, рече Писториус во интервју за весникот Tagesspiegel.

Писториус, кој ја презеде функцијата министер за одбрана пред една година, рече дека воените експерти веруваат дека таков напад не е веројатен сега, туку за „пет до осум години“. Тој ја повтори желбата да ги подготви германските воени сили за можен воен конфликт.

„Мораме да бидеме подготвени“

„Сакам да го размрдам општеството и да укажам дека треба да го подготвиме Бундесверот“, рече Писториус. Тој рече дека сегашниот план за штедење на сојузната социјалдемократска-зелено-либерална влада не треба да влијае на планот за модернизација на Бундесверот.

„Мораме, со оглед на сегашното ниво на опасност, итно да го подигнеме нивото на подготвеност на нашите воени сили за одбрана“, рече Писториус. Тој ја објасни и потребата од дополнителна помош за Украина.

„На сите мора да им биде јасно дека ако Путин победи во оваа војна, тоа ги зголемува опасностите и за Германија“, заклучи германскиот министер за одбрана.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе