Сексуалните работници бараат декриминализација на нивната работа

Во тек е процес на разговори за измени на Кривичниот законик во кој, меѓу другите, се вклучени и претставниците на невладиниот сектор, рече владиниот портпарол Душко Арсовски одговарајќи на новинарско прашање за барањата на сексуалните работнички за декриминализација на нивната работа.

-Барањата во моментов се разгледуваат, измените на Кривичниот законик се очекува многу скоро да бидат на седница на Влада. Се воведуваат нови кривични дела, како што се полов напад и полово вознемирување. Тоа ги опфаќа сите лица, жени, меѓу кои, секако, се и сексуалните работнички, рече Арсовски.

Сексуалните работници денеска во Скопје, под мотото „Црвениот фустан добро ми прилега“, го одбележаа Меѓународниот ден на сексуалните работници – 2 Јуни, и порачаа дека е потребно унапредување на нивните здравствени, социјални и работнички права.

Заедницата на сексуални работници бара признавање на сексуалната работа како професија по слободен избор, со што таа ќе стане дел од пазарот на трудот, а сексуалните работници ќе бидат препознати како работници.

„Декриминализацијата на сексуалната работа е клучно барање на сексуалните работници, нивните поддржувачи и здруженија. Декриминализацијата е единствен модел кој ќе овозможи почитување на човековите права на сексуалните работници, унапреден пристап до здравствени и социјални услуги, како и вклучување на сексуалната работа во формалната економија со што овие работници конечно ќе добијат работнички права. Од декриминализацијата на сексуалната работа има бенефити целото општество, особено кон превенција од родово засновано насилство, превенција од сиромаштија, социјална нееднаквост како и трговија со луѓе. Моделот на декриминализација на Нов Зеланд го сметаме за најуспешен, според кој треба да се ревидираат политиките кои ја уредуваат сексуалната работа во Р.С. Македонија“, изјави Драгана Дрндаревска од Коалиција МАРГИНИ на денешниот настан во организација на ХОПС - Опции за здрав живот Скопје, со партнерските организации од Платформата за декриминализација на сексуалната работа, Здружение за поддршка на маргинализирани работници STAR - The First Sex Workers Collective in the Balkans и Коалиција МАРГИНИ. На настанот присуствуваа сексуални работници, нивни пријатели, поддржувачи и активисти кои испратија барања за унапредување на човековите права на сексуалните работници преку декриминализација на сексуалната работа.

Фото: Facebook профил на Коалиција МАРГИНИ

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Read more

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Read more
 

Вести

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Читај повеќе