Сенатот во САД го ослободи Трамп од обвинувања за поттикнување бунт

МИА/КАЈГАНА
/ 14.02.2021 / 08:37

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера беше ослободен од американскиот Сенат од обвинение за поттикнување бунт на Капитол хил на 6 јануари – 57 сенатори гласаа дека тој е „виновен“ и 43 – „не е виновен“.

За осудување на поранешниот претседател беше потребно двотретинско мнозинство – 67 од 100 сенатори.

Републиканците имаат 50 места во Сенатот, што значи дека најмалку 17 претставници на партијата на Трамп мораа да гласаат против него.

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, претходно изјави дека ќе гласа за ослободување на Трамп.

Во пораката до партиската група во горниот дом на Конгресот, Меконел ја нарече неговата одлука „тешка“. Во исто време, тој тврди дека Сенатот нема капацитет да го гони поранешниот претседател во овој „политички процес“.

Доналд Трамп ја напушти функцијата на 20 јануари, така што не можеше да се употреби импичмент за да биде отстранет од власта. Но, демократите се надеваа дека процесот на импичмент ќе го смета за одговорен за нападот во кој загинаа пет лица, и ќе гласаа за забрана на Трамп да има јавни функции во иднина.

Републиканците исто така го спасија Трамп на гласањето на 5 февруари 2020 година – во претходниот процес на импичмент, кога само еден сенатор во нивните редови – Мит Ромни – гласаше „за“ неговото осудување и смена.

Трамп е третиот американски претседател за кого постапката за импичмент беше активирана двапати и првиот кој се соочи со таков процес по напуштањето на функцијата.

Трамп, кој беше ослободен од Сенатот од обвинение за поттикнување бунт, вети дека ќе продолжи да ја брани „величината на Америка“.

„Нашето величествено, историско и патриотско движење „Да ја направиме Америка повторно голема“, само што почнува“, наведе Трамп во изјавата, повторно претставувајќи се како жртва на „лов на вештерки“.

„Ќе имам многу што да споделам со вас во следните месеци и едвај чекам да ја продолжам нашата неверојатна авантура на патот кон големината на Америка“, додаде тој, без да ја наведува својата политичка иднина.

Трамп им се заблагодари на сите сенатори „кои гордо го бранеа уставот“ и го критикуваше процесот на импичмент како „нова фаза во најголемиот лов на вештерки во историјата“.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, ја критикуваше денешната одлука на Сенатот за ослободување од обвинение на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, под обвинение за поттикнување на бунт на неговите приврзаници. Тој нагласи дека гласањето е „неамериканско“ и дека се навредуваат патриотите кои ги дадоа своите животи за земјата.

– Поранешниот претседател ја инспирираше, насочи и охрабри толпата насилно да спречи мирна транзиција на власта, да ја поткопа волјата на народот и незаконски да го задржи тој претседател на власт, изјави Шумер.

– Нема ништо понеамериканско од ова…Ништо, ништо не е понеетичко за нашата демократија, навредувајќи генерации американски патриоти кои дадоа животи да ја одбранат нашата форма на власт, потенцира Шумер.

Remote video URL
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе