Сепак ќе може да се патува во Босна и Херцеговина со личните карти со старото име

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, оствари телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ, а во врска со одобрувањето на Босна и Херцеговина за патување на македонските граѓани со лична карта.

Бојмацалиев информира дека со министерот Нешиќ разговарале во насока на тоа македонските граѓани да може да патуваат во Босна и Херцеговина со лични карти со старото име почитувајќи ја спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година.

Во оваа пригода Бојмацалиев го истакна значењето на градење мостови со пријателските земји и рече дека оваа можност е во рамките на засилената соработката и унапредените односи помеѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина во изминатиот период, како и тоа дека оваа пракса е веќе воспоставена и со Србија, Албанија и со Косово, каде што се дозволува влез со лична карта со старото име на државата.

Воедно, Бојмацалиев потенцира дека МВР е подготвено да стори сè што е потребно за да им се овозможи на граѓаните да ги остварат сите свои со Уставот и со законот загарантирани права.

Минатата недела министерот за надворешни работи, Бујар Османи, информира дека бил доставен официјален допис од Босна, дека на нејзината територија повеќе нема да бидат валидни пасошите и личните карти со старото име на државата.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе