Биографскиот филм „King Richard“ има 6 номинации за Оскар, вклучително и за најдобар филм. Номинациите од среќа ја расплакаа Серена Вилијамс.
Филмот е основан според животот на Ричард Вилијамс, таткото на славните тенисерки Венус и Серена. Прикажува како ги воспитувал и тренирал овие две исклучително талентирани спортистки.
Во главната улога се појавува Вил Смит, додека Сенија Сидни ја толкува улогата на Венус, а Деми Синглтон е во улогата на Серена.
„Се разбудив поради ова. Нашиот филм е навистина номиниран за Оскар. Ова е лудо, од Комптон преку Вимблдон до Оскар. Секој може да сонува и сонот да му се исполни. Океј, дефинитивно плачам од утринава. Честитки до целата филмска екипа“, напиша Серена на Instagram.
Филмот е номиниран за најдобар филм, најдобро оригинално сценарио, најдобра споредна улога, најдобра филмска монтажа, најдобра оригинална песна (Бијонсе) и за најдобар актер ИВил Смит).
„Можеби сте ја чуле одличната вест, нашиот филм „King Richard“ е номиниран за шест Оскари, вклучително и за најдобар филм“, напиша Венус на социјалните мрежи.
Доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 27 март.