Серена Вилијамс прва гостинка во емисијата на Меган Маркл

Поранешната американска глумица Меган Маркл, сопруга на британскиот принц Хари, вчера ја почна својата интернет-емисија во којашто ќе ги разоткрива клишеата за жените, како што се најавува. Нејзина прва гостинка беше тениската ѕвезда Серена Вилијамс.

Најавените 12 епизоди од „Archetypes“ – име што потсетува на името на нејзиниот син Арчи, ќе бидат полни „интимни и искрени“ разговори меѓу восителката и нејзините гости. Ова се наведува во претставувањето на емисијата на мобилната апликација Spotify.

Во првата епизода, Маркл и Вилијамс, инаку пријателки од Лос Анџелес, зборуваат, меѓу другото, за амбицијата и различните значења што зборот може да ги има кога се однесува на жената.

– Не се ни сеќавам дека лично ја почувствував негативната конотација на зборот „амбициозни“ додека не почнав да излегувам со мојот сопруг (принцот Хари, б.н.). И очигледно, според некои, амбицијата е ужасна работа – барем кога се однесува на жените, вели Меган.

На почетокот на август, Вилијамс објави дека ќе се повлече од теренот по 25 години и 23 Грен слем титули. Таа рече дека сака „да се сосредоточи на тоа да биде мајка“ и на нејзините духовни цели.

Принцот Хари и Меган се откажаа од кралскиот живот во Обединетото Кралство во 2020 година и се преселија во Калифорнија, каде што сега живеат со своите две деца. По пристигнувањето во САД, тие создадоа неколку соработки, вклучително и профитабилни партнерства со Netflix и Spotify. Се очекува принцот Хари да ги објави своите мемоари до крајот на годината.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе