СЕРИЈА А 2023/2024

Серија А го објави распоредот за новата сезона

Калчолигата денеска го направи и јавно го објави распоредот за новата 2023/2024 сезона која ќе почне викендот на 19/20 август.

Италијанската Серија А почнува на 19 август, а ќе заврши со натпреварите од последното коло на 26 мај 2024 година.

Ќе има едно вонредно коло среде недела, на 27 септември, како и 4 репрезентативни паузи викендите на 10 септември, 15 октомври, 19 ноември и 24 март.

Трета сезона по ред распоредот е асиметричен, што значи дека возвратните натпревари, односно вториот дел од сезоната (од 20-то до 38. коло), нема да го следат распоредот на натпревари од првиот дел (коло 1 до 19).

Одлучено беше Наполи, Лацио, Интер, Милан, Рома, Аталанта и Јувентус да не можат да се сретнат на стартот во 1. коло, како и во колата 2, 5, 6 (вонредното), 19 и 38. Истото важи и за градските дербија Дерби дела Мадонина (Интер - Милан), Дерби дела Моле (Торино - Јувентус) и Дерби дела Капитале (Рома - Лацио), како и за тосканските дербија.

Сите дерби натпревари мора да се играат во различни кола, додека клубовите што играат во европските натпреварувања нема да играат помеѓу себе во кола закажани помеѓу европски натпревари (25, 28, 32 и 35).

Актуелниот шампион Наполи одбраната на Скудетото ќе ја почне со гостување на „Бенито Стирпе“ стадионот кај новајлијата Фрозиноне. Интересно, Јувентус ќе почне со истиот натпревар со кој ја заврши минатата сезона, со гостување на „Дачиа Арена“ кај Удинезе.

На отворањето ќе се сретнат:

Болоња - Милан
Лече - Лацио
Емполи - Верона
Рома - Салернитана
Фрозиноне - Наполи
Сасуоло - Аталанта
Џеноа - Фиорентина
Торино - Каљари
Интер - Монца
Удинезе - Јувентус

URL

Наполи, Фиорентина, Лацио и Интер ќе се борат за Суперкуп пехарот на почетокот од јануари 2024, па нивните натпревари од 19. коло ќе бидат поместени за 22/23 јануари.

Првото Дерби дела Мадонина ќе се игра во 4. коло на 17 септември.

URL
URL
URL

Комплетниот распоред можете да го симнете во PDF тука.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе