Северна и Јужна Кореја одбележаа 70-годишнина од војната

Северна и Јужна Кореја денеска одделно ја одбележаа 70-годишнината од почетокот на Корејската војна, еден ден откако Пјонгјанг ненадејно ја прекина кампањата за притисок врз Сеул.

Јужна Кореја денеска објави заедничко соопштение со САД, кои војуваа на нејзина страна во Корејската војна (1950-1953), чиј почеток беше ненадејната инвазија на севернокорејските сили.

Вашингтон и Сеул наведуваат дека се „посветени на јакнење и прилагодување на сојузот поради соочување со сегашните и идните предизвици“, повикувајќи ја Северна Кореја да го исполни ветувањето за разоружување.

САД и понатаму имаат околу 28.000 војници во Јужна Кореја, што северниот сосед го смета како воена закана.

Воените лидери на Јужна Кореја оддадоа почит на националните гробишта во Сеул, каде се погребани десетици илјади жртви на војната, главно војници. Воениот музеј во Сеул, место кое многумина го посетуваат на денешниот ден, е затворен поради пандемијата на коронавирусот.

На вечерашната церемонија на воениот аеродром во близина на Сеул ќе учествуваат 300 воени ветерани.

Северна Кореја ќе го одбележи јубилејот со посета на спомениците на загинатите војници и со антиамериканска реторика.

За Северна Кореја е поважен датумот 27 јули кога е потпишано примирјето во 1953 година, кое Пјонгјанг го смета за победа во војната.

Двете Кореи и понатаму се технички во војна, бидејќи примирјето со кое прекинаа судирите, сѐ уште не е заменето со мировен договор.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Свет

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more
 

Вести

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе