Северна Кореја: Мина рокот за преговори, не чувствуваме обврска кон САД

Северна Кореја денеска соопшти дека САД го игнорирале рокот за нуклеарни преговори, поради што Пјонгјанг веќе не чувствува обврска да ги исполнува обврските, кои вклучуваат запирање на нуклеарните проби и тестирања на интерконтинентални балистички ракети.

Советникот во мисијата на Северна Кореја во ОН во Женева Џу Јон Чол изјави дека изминатите две години неговата земја престанала да врши нуклеарни проби и тестирања на интерконтинентални балистички ракети, со цел развивање доверба меѓу Пјонгјанг и Вашингтон. Но, според него, Американците одговориле со десетици заеднички воени вежби со Јужна Кореја на полуостровот и со воведување санкции.

– Откако стана јасно дека САД не ја смениле својата амбиција да го блокираат развојот на Северна Кореја и да го задушат нејзиниот политички систем, не гледаме причина еднострано да бидеме врзани за обврски кои другата страна не ги почитува, потенцираше тој на конференцијата на ОН за разоружување.

Џу ги обвини САД за примена на „најбрутални и нечовечки санкции“ и предупреди дека доколку Вашингтон продолжат со „непријателската политика“ кон неговата земја, нема да дојде до денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

– Доколку САД се обидат да спроведат еднострани барања и продолжат со нематнување санкции, Северна Кореја може да биде принудена да бара нов пат, потенцираше севернокорејскиот советник.

реклама

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе