Северна Македонија го започнува објаснувачкиот скрининг за првиот кластер

Денеска во Европската комисија експертските тимови од Северна Македонија и Албанија ќе слушаат за ажурираното законодавство на ЕУ од 2019, јави дописничката на МИА од Брисел.

Целта на објаснувачкиот скрининг, како и во 2019, е да се информираат тимовите на земјите преговарачи за текот и новитетите во ЕУ законодавството. Со оглед на тоа дека Северна Македонија и Албанија немале објаснувачки скрининг од 2019, тие треба да поминат преку ажурирање на последните закони, пресуди и одлуки во секое од поглавјата оттогаш до денеска.

Состанокот започна во 9:15 часот во Европската комисија и е посветен на поглавјето 5, Јавни набавки, кое е дел од кластерот 1. Кластерот 1 се смета за најважен, во него спаѓаат поглавјата 23 и 24 за правда и судство, кои во текот на преговарачкиот процес први се отвораат и последни се затвораат.

Тимовите утре ќе слушаат и за поглавјето Статистика, овој пат во Луксембург.

Од Европската комисија за МИА синоќа изјавија дека тие остануваат целосно посветени на унапредувањето на ЕУ процесот со Северна Македонија и Албанија.

– Ова е прв и значаен чекор во преговарачкиот процес, целосно поддржан од владите и парламентите на двете земји, изјави портпаролката Ана Писонеро за МИА.

Таа додаде дека следните месеци носат „интензивна работна програма“ за сите страни, а таа ќе започне со Темелите.

– Станува збор за технички средби во кои е инволвиран голем број експерти, а ние сме во близок контакт со властите за распоредот на средбите, додаде Писонеро за МИА.

Овие технички средби се очекува да траат околу два месеца, по што треба да започнат билатералните скрининзи.

Билатералниот скрининг го префрла фокусот на земјата преговарач која треба на експертите од Европската комисија секој пат да им го презентира напредокот во секое од поглавјата. Следува извештај на Европската комисија кој го проценува тој напредок, а извештајот треба да го одобрат и усвојат земјите-членки на ЕУ, односно Советот на ЕУ.

Откако ќе заврши билатералниот скрининг, Северна Македонија ќе може да ги започне и формално преговорите по кластери и поглавја со ЕУ, но само доколку прво го промени Уставот и ги внесе Бугарите како конститутивен народ во него.

Од македонска страна не се најавени изјави по состаноците.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе